Времето лета: Ќерките на Сузана Гавазова пред 8 години и сега – пејачката со емотивна објава
Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова ги разнежи следбениците на социјалните мрежи откако објави фотографии од нејзините ќерки, Елени и Селена. Пејачката направи интересна споредба – како изгледале девојчињата пред осум години и како изгледаат денес, покажувајќи колку брзо минува времето.

Елени е поголемата ќерка на Гавазова и има 11 години, додека помалата Селена има 10 години. На фотографиите јасно се гледа нивното созревање, но и блискоста што ја имаат меѓу себе, што предизвика бројни позитивни коментари од нејзините фејсбук пријатели.

Во изминатиот период, Сузана Гавазова во неколку наврати споделуваше дел од семејните моменти со своите ќерки, а вниманието на јавноста го привлече и нивниот музички талент. Елени и Селена веќе покажуваат потенцијал да тргнат по стапките на својата мајка и да се занимаваат со музика.
И двете свират пијано, а зад себе веќе имаат и настап на детски фестивал во Струмица, каде што се претставија пред публика.
РЖМ -Г.Д.Г
Фото: Фејсбук