Порасна синот на Тамара: Дарен слави роденден, пораката што му ја испрати пејачката ќе ве стопли
Пејачката Тамара Тодевска денеска го слави 7 -от роденден на својот син Дарен со емотивен пост на социјалните мрежи. Таа сподели видео составено од незаборавни моменти од нивното секојдневие, со кое му упати роденденска честитка исполнета со љубов и гордост.
Под видеото Тамара му посвети емотивна порака на Дарен, во која ја истакна безграничната мајчинска љубов:
„Среќен 7-ми роденден, сине.
Од првиот здив знаев дека ти си МОЕТО СРЦЕ надвор од мене.
Со тебе ЉУБОВТА доби ново значење, а секој ден е полн со СВЕТЛИНА.
Биди СРЕЌЕН И ЗДРАВ.
Нека светот ти ги отвори сите врвови.
Дарен, те сакаме бескрајно.
Мама, Хана и Лука.“
Честитките не изостанаа ниту од најблиските. Неговата тетка Тијана јавно му посака радост и успеси:
„Среќен роденден мило мое детуле, да си здрав и среќен, да даваш голови и да редиш петки. Те сака кека до небото.“
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм