Најдобро е гравот да се потопи во оваа намирница пред готвење: Многу луѓе го ставаат само во вода и прават голема грешка...
Дознајте во која намирница треба да го потопите гравот пред да го готвите...
Гравот е меѓу омилените јадења на многумина, а секој има свој мал трик што го олеснува подготвувањето на познатата воена супа од грав. Сепак, поради супстанцата што се наоѓа во него, гравот може да предизвика проблеми со варењето.
Мешунките, јаткастите плодови, житарките и семките се здрава храна, но можат да бидат многу штетни за организмот поради фитинската киселина.
Оваа киселина врзува важни елементи како што се бакар, магнезиум, јод, железо и цинк. Како резултат на тоа, тие се излачуваат од телото предвреме, односно пред да донесат каква било корист за нашиот организам.
Дигестивниот тракт не содржи „бариера“ што ќе заштити од фитинска киселина, што го спречува телото да апсорбира минерали, протеини и масти. Последицата е дефицит на важни хранливи материи, што дополнително ќе предизвика проблеми во мускулно-скелетниот, имунолошкиот и дигестивниот систем. Фитинската киселина е една од најчестите причини за анемија од дефицит на железо кај вегетаријанците, според Светската здравствена организација (СЗО), забележа ендокринологот Зухра Павлова.
Кои намирници се богати со фитинска киселина?
Меѓу храната што содржи голема количина фитинска киселина, ендокринологот ги издвои овесот, оризот, пченицата, сите житарки, гравот, леќата, кикириките, грашокот и сојата. Исто така, проблематични се и некои од јаткастите плодови како лешници, бадеми и ореви. Голема количина фитинска киселина се наоѓа и во семките од сончоглед, афион, лен, тиква и сусам.
Сите овие намирници содржат голем број хранливи материи што му се потребни на телото, вклучувајќи влакна, па затоа не треба да се откажувате од нив, вели Павлова.
Како да се ослободите од фитинската киселина
Павлова наведе неколку начини за неутрализирање на оваа киселина. Еден од нив е термичка обработка. Овој метод ја намалува содржината на фитинска киселина за 30-35 проценти. Најдобар ефект се постигнува со потопување на храната во вода. Единствениот недостаток на овој метод е што бара многу време.
На пример, кафеавиот ориз ќе мора да се остави во вода 12 часа, овесната каша 10-12 часа, белиот ориз девет часа, бисерниот јачмен шест часа... За подобри резултати, можете да додадете малку оцет или сок од лимон во водата.
Докторот предложи друг начин за да се помогне во неутрализирањето на фитинската киселина, а тоа е да се потопат „проблематичните“ намирници во сурутка. Исто така, при ’ртење на грав и житарки, количината на фитинска киселина се намалува за околу половина. Комбинираната преработка на храна е најдобриот метод, вели Павлова. Ако истата храна прво се потопи, а потоа се свари или пече, најмногу фитинска киселина ќе се „исфрли“ од неа.
РЖМ/ИС - ФОТО: Printscreen