За Русите, само ова е вистинска руска салата, ни малку не е слична на онаа што ја правиме ние! Многу повкусна и поздрава

Добивај вести на Viber

Оваа салата е популарна низ целиот поранешен Советски Сојуз и се јаде преку целата година, но особено во зима, и во рана пролет и за време на Великиот пост.

Русите честопати на шега ја нарекуваат традиционалната руска салата од винегрет „најруската салата на светот“, таа е многу популарна низ целата земја, но и низ целиот поранешен Советски Сојуз и се јаде преку целата година, но особено во зима, и во рана пролет и за време на Великиот пост.

Многу е освежителна, неверојатно богата со вкусови, а рецептот ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат полесна храна и оброци без месо.

Потребни состојки

2 големи цвекла (околу 300 грама)

4-5 средни компири

2 средни моркови

5-6 кисели краставички

1 чаша конзервиран грашок

1 мал црвен кромид (или црн)

5-6 лажици растително масло

¼-½ лажичка сол

лажица бел оцет (по желба)

прстофат бибер (по желба)

Подготовка на руска салата

Сварете компири, моркови, цвекло. Исечкајте сè на мали парчиња, додадете ги другите состојки, исто така ситно исечкани, зачинете со масло, оцет, сол и бибер по желба и нежно измешајте.

Русите исто така многу често ставаат кисела зелка во оваа салата. Можете да ја ставите наместо краставици или заедно со нив. Ако додадете краставици и зелка, обете состојки треба да бидат во ист сооднос, а ако додадете само зелка, одвојте околу 300 грама и исечкајте ја ситно.

Совети

Наместо грашок, можете да користите конзервиран грав.

Можете да додадете свеж зеленчук, тоа ќе ѝ даде на салатата посебен шмек, може да биде магдонос, копар или млад кромид.

Ако не сакате премногу кисели салати, не додавајте оцет, тоа дополнително ќе го закисели целиот специјалитет.

Сварете го цвеклото одделно од другиот зеленчук, бидејќи се готви подолго од компирите и морковите, а може да ослободи боја и да ја обои водата. Компирите ќе бидат готови 20 до 30 минути откако ќе зоврие водата, морковите за 30 до 40 минути, а цвеклото најмалку еден час. Ова може да потрае повеќе или помалку време, во зависност од големината на зеленчукот. Сварете сè измиено, но со кора, а излупете ја кората дури откако зеленчукот ќе се свари.

Салатата винегрет е најдобро да се остави да отстои неколку часа во фрижидер, така ќе стане уште поароматична и повкусна.


РЖМ/ИС - ФОТО YouTube/Tatyana's Everyday Foode