Рецепт за „лудо тесто“: Празнична погача мека како душа, ви требаат 10 минути и една тајна состојка

Добивај вести на Viber

Колку пати ви се случило да испечете кифли, а веќе наредниот ден да бидат тврди? Или да се мачите со тесто што никако не сака да нарасне? Затоа домаќинките ширум регионот го обожаваат рецептот за таканареченото „лудо тесто“ – практично, меко и секогаш подготвено кога ќе ви затреба.

Ова тесто добило име затоа што се однесува „лудо“ – не бара долго месење, не бара специјални услови, а сепак излегува совршено. Најдобро од сè: во фрижидер може да стои до 7 дена, без да ја изгуби мекоста и еластичноста.

Може да го користите за кифли, погачи, уштопци, пица или полнети пецива. Совршено за појадок, брза вечера или кога ќе ве изненадат гости.

Фото извор: Freepik

Состојки:

  • 1 кг глатко брашно (тип 400)

  • 2 цели јајца + 1 белка (жолчката ја чувате за премачкување)

  • 4 дл јогурт (собна температура)

  • 2 дл масло

  • 1 лажица сол

  • 1 лажица шеќер

  • 1 свеж квасец (40 г)

  • 1 дл млако млеко

Подготовка:

  1. Активирајте го квасецот: Во млако млеко додадете шеќер и изронет квасец. Оставете неколку минути додека запени.

  2. Измешајте ги течните состојки: Јогурт, масло, јајца, белка и сол. Додадете го активираниот квасец.

  3. Додајте брашно и замесете: Постепено додавајте брашно. Прво со лажица, потоа кратко со рака. Тестото треба да остане меко и малку лепливо.

  4. Оставете го кратко да одмори: Покријте го со крпа и оставете 15–20 минути.

  5. Чување: Ставете го во намрсена пластична чинија, покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер. Подготвено е за користење секој ден, цела недела!

Пред печење, намачкајте со жолчка и додајте по желба сусам или сирење.

Извор / Freepik