Синот на Маринко Роквиќ запеа на слава во Скопје: Му се придружи и отец Александар од МПЦ

Добивај вести на Viber

Српскиот пејач Никола Роквиќ, син на легендарниот Маринко Роквиќ, викендов беше дел од прослава во Скопје, каде со својот настап создаде вистинска еуфорија меѓу присутните. 

На видеото што го објави на својот Инстаграм профил, може да се види како ги развеселува гостите со добро познатите хитови и искрена насмевка на лицето.

Во еден момент, на изненадување на сите, на сцената му се придружи и отец Александар – свештеник познат по својот моќен глас, кој често ја воодушевува јавноста со своите изведби на духовни и традиционални песни.

 Двајцата заедно создадоа атмосфера исполнета со радост и емоции, а снимката за кратко време собра голем број позитивни реакции на социјалните мрежи.

Во описот на видеото, Никола напиша дека прекрасно си поминал во Скопје и дека Македонците му се „драги луѓе со големо срце“. 

Линк до видеото: https://www.instagram.com/reel/DRZcMv0DNtq/?igsh=bDUzczN5MnB1eHR0