Брачен пар кој го загуби своето бебе нуди бесплатен оброк за секоја трудница во својот ресторан: Мјев и Патрик болката ја претворија во помош за другите
Во срцето на ирскиот град Голвеј, на тивката улица „Сент Бриџит Лејн“, се наоѓа мал семеен ресторан со необично име – „The Willow Spoon“.
На прв поглед, изгледа како уште едно топло, домашно место со камин, дрвени маси и мирис на свеж леб. Но, она што го издвојува овој ресторан од сите други е една исклучителна традиција која веќе со месеци го трогнува локалното население – секојдневно, секоја трудница што ќе стане гостин добива бесплатен, топол оброк.
Идејата започнала од сопствениците, брачниот пар Мејв и Патрик О’Саливан. По неуспешната бременост што ја доживеале минатата година, тие посакале да направат нешто што ќе остави позитивен белег во заедницата.

„Сакавме да покажеме грижа и поддршка за секоја жена која го носи најголемиот подарок – нов живот,“ раскажува Мејв. „Трудниците заслужуваат почит, внимание и добар оброк.“
Секој ден, без оглед на сезоната или бројот на гости, трудниците можат да изберат бесплатен ручек или вечера од посебното мени: крем супа од морков и ѓумбир, пастрма со печен компир и зеленчук, традиционална ирска чорба-стју, или свежа салата со авокадо.
На крајот секогаш се нуди и десерт – најчесто чоколадна торта кој е најпопуларен меѓу трудниците.
Заедницата во Голвеј со воодушевување ја прифатила иницијативата. Социјалните мрежи се полни со сведоштва од идни мајки кои се чувствувале почитувани, утешени и охрабрени. Некои велат дека токму таму првпат почувствувале вистинска поддршка во бременоста.
И додека многу ресторани низ Европа се борат со трошоци и конкуренција, „The Willow Spoon“ докажува дека понекогаш најголемиот успех не се брои во евра – туку во човечност.
Фото извор: EPA / Freepik