„Беше уапсен во Кавадарци затоа што не го носеше бугарското знаме туку македонското“: Скандалозни обвинувања по апсењето на Аца Лукас во Македонија
Неговиот менаџер тврди дека апсењето се случило затоа што пејачот носел македонско, а не бугарско знаме, пренесе Информер.
Фановите сметаат дека постапката е срамна, скандалозна и недостојна, особено кога станува збор за еден од најголемите музички имиња во регионот. Разочарани и гневни поради апсењето, тие се упатиле пред полициската станица, каде што се собрале во голем број.
Присутните обожаватели постојано стоеле пред зградата на полицијата, скандирајќи го името на Лукас и изразувајќи гласна поддршка. Велат дека нема да си заминат додека, според нив, не биде исправена „неправдата“ што му била нанесена претходната вечер.
Во исто време, вниманието на јавноста го привлече и неодамнешниот настап на Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога пејачката се појавила облечена во бугарско знаме. Потегот ја испровоцирал публиката, која реагирала со неодобрување и исвиркување.