ДЕТСКИТЕ РОДЕНДЕНИ ИЗЛЕГОА ОД КОНТРОЛА: Диџеј, автобус, ласери – цените вртоглаво одат нагоре
Организирањето роденден за деца во последните неколку години стана финансиско оптоварување за многу семејства. Она што некогаш беше едноставна прослава со торта, роднини и неколку другарчиња, денес прерасна во мини-настан кој по цена понекогаш се изедначува со свадба или приватна свеченост.
Затоа и не е ни чудо што речиси на секое „ќоше“ се отвараат игротеки, тинејџтеки, бидејќи од нив „дебело“ се заработува.
Места за родендени со „свадбени“ цени
Во Скопје родителите сè почесто се соочуваат со цени од 12.000 до дури 25.000 денари само за изнајмување простор и анимација – без торта, фотограф, декорација и останати „дополнителни“ сегменти. Во популарните игротеки, термини за викенд се резервираат месеци однапред, а пакетите што ги нудат се движат од основни до „премиум“ со персонализирани тематски прослави, костимирани аниматори и професионално осветлување.
Дополнителните трошоци ги креваат цените уште повисоко
Најчести издатоци што родителите мора да ги покријат се:
Торта и слатки маси – од 2.000 до 12.000 денари
Фотограф/видео – 2.000 до 6.000 денари
Декорација со балони, транспаренти, 3D фигури – 3.000 до 15.000 денари
Подароци за гостите – дополнителни 1.000 до 3.000 денари
Специјални анимирани ликови или маскоти – до 5.000 денари по лик
Кога ќе се собере сè, просечен детски роденден може да чини од 18.000 до дури 40.000 денари.
Нови скапи роденденски формати кои стануваат хит во Скопје...ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ЧИТАЈТЕ ГО НА ФАКТОР ТУКА.