Што значи ако врне снег на Архангел Михаил? Ова верување строго се почитува
Куќната слава има посебно место во македонската традиција. Тоа е ден кога семејствата се собираат околу празнична свеќа, жито и колач, зачувувајќи го споменот на своите предци и оддавајќи благодарност на светецот кој ги штити. Секој празник има своја традиција и посебни обичаи, а Свети Архангел Михаил е еден од празниците што луѓето го сметаат за исклучително моќен и лековит.
На 21 ноември, Македонската православна црква го слави Соборот на Свети Архангел Михаил и другите бестелесни сили. Се смета за еден од најзначајните датуми во црковниот календар.
На иконите, тој е прикажан како воин со меч или копје, па затоа се верува дека тој е оној што доаѓа по човечката душа кога ќе дојде нејзиниот час.Снег за Свети Архангел Михаил
Арханел Михаил се слави на есен, а според традицијата, светецот бил згрижен во есенските и зимските денови, период на студ и тешкотии. Луѓето велат дека во тоа време Архангел Михаил шета низ светот облечен како просјак, со цел да ги прекори неверниците и да им помогне на оние на кои им е потребна помош.
Исто така, постои старо правило за прогнозирање: какво е времето на Денот на Свети Архагел Михаил, така ќе биде цела зима и доцна пролет. Ако врне снег на денот на празникот, зимата ќе биде сурова.
По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“.
Меѓу народот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата - не е на добро, а ако застане кај главата - болниот ќе оздрави.
Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време - времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.
Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во петок, па трпезата ќе биде посна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и на александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март, ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Свети Дионисиј Ареопагит, ученик на светиот апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е Архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и извикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твоеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13-15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд, сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нè помилува Бог и да нè спаси по молитвите на светиот Архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили.
Денес именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...