Радмила ја гледала ќерка си како обврска, ја натерала да се омажи на 19, но во староста кармата не ја штедела ни најмалку

Добивај вести на Viber

Марија Јовановиќ пораснала во мало село крај Крушевац, во дом каде што сиромаштијата секогаш седела на трпезата прва.

Нејзината мајка, Радмила, вдовица која сама ги подигнала своите две деца, секогаш зборувала дека девојката „нема време за губење“ – на 19 години ја убедила да се омажи за Дејан, трговец од Чачак, со изговор дека нема пари да ја издржува уште долго.

„Ти треба маж што ќе те обезбеди,“ ѝ велела. „Јас повеќе не можам.“

Марија се омажила без многу избор. Но животот ѝ се променил на подобро. Заедно со Дејан отвориле прво мал бутик во Чачак, па уште два. Потоа бизнисот прераснал во синџир продавници низ цела Србија. До својата 35. година, Марија живеела во Белград, во модерна куќа на Дедиње, со двајца синови, стабилен брак и богатство кое никогаш не го сонувала.

Во меѓувреме, нејзиниот брат Марко се преселил во Германија. Таму работел како автомеханичар, а дома доаѓал само еднаш годишно. Иако тој бил единствениот запишан наследник на семејниот имот, Радмила никогаш не му побарала ништо – барем додека нејзиното здравје не почнало нагло да опаѓа.

Еден есенски ден, кога немала повеќе сила ни сама да стане од кревет, Радмила ја повикала Марија.

„Врати се дома, ќерко,“ ѝ рекла преку телефон. „Јас сум стара. Не ми треба многу. Само да сум со некого свој.“

Но Марија, потиштена но цврста, одбила.

„Мамо, 20 години ме гледаше само како товар. Мене ме подадовте кога бев девојче, само за да ви олеснам. Марко беше секогаш твојот ‘наследник’, а јас сум добра само кога треба да се спасува ситуацијата. Не можам повторно да ја играм истата улога.“

Марко, пак, не покажал ни најмало интересирање. Кога социјалната служба му се јавила, тој само рекол: „Немам време.“

На крај, Радмила била сместена во старачки дом во Крагуевац. Таму живеела уште две години, тивко, сама, со ретки посети од соседите од Крушевац.

Марко не дошол ниту еднаш.
Марија дошла двапати – не од вина, туку од потреба да стави точка.

Кога Радмила починала, наследството – куќата, земјиштето, старата штала – сè преминало кај Марко. Тој го продал имотот во рок од три месеци и се вратил во Германија.

Марија останала со своето семејство во Белград, свесна дека понекогаш најтешките рани не ги остава сиромаштијата, туку неправдата.

А некои мајки, за жал, своите ќерки ги гледаат како обврска – сè додека не стане предоцна.

Фото: EPA