Овој европски град викендов ќе стане најпосакувана дестинација: Најубавата улична бајка ќе биде токму таму
Хелсинки повторно ја отвора вратата кон најубавиот период од годината. На 22 ноември, срцето на финската престолнина ќе се претвори во вистинска новогодишна сцена, со традиционалното отворање на „Божиќната улица“ – еден од најочекуваните настани во градот.
Алексантеринакату, најпознатата празнична улица во Хелсинки, тогаш ќе заблеска во својата целосна магија. Илјадници светилки ќе се запалат во моментот кога парадата свечено ќе тргне од плоштадот „Сенатски трг“, предизвикувајќи воздишки кај сите кои уживаат во зимската романтика, празничниот гламур и големоградскиот дух.
Култната парада ќе го донесе целиот раскош што го сакаме во ноемврискиот мрак – шарени новогодишни композиции, декорирани кочији, светлечки украси, насмеани лица и детски возиња во стил на бајка, кои се движат низ историските улици под ѕвездени завеси од светилки. Атмосферата секоја година привлекува илјадници жители и туристи кои сакаат да ја почувствуваат финската празнична традиција од прво лице.
Настанот е со бесплатен влез, а деталната програма ќе биде објавена дополнително. Локациите вклучуваат делови од центарот на градот, меѓу кои Алексантеринакату и Сенатскиот плоштад, каде празничниот дух се чувствува на секој чекор.
Хелсинки и оваа година ветува вистинска зимска бајка – почеток на сезоната што ни носи светлина, топлина и моменти што се паметат долго.
Атмосфера која вреди да се доживее, па ако имате можност да си доволите вакво уживање, еве дестинација каде да отидете .
РЖМ/ИС - ФОТО: Facebook/Discovering Finland/Ants Vahter