Жена открива неверојатен симптом што се појавил месеци пред дијагнозата - рак на дојка: „Бев целосно скршена“
Жена од Тексас го сподели своето искуство со симптом за кој вели дека целосно „ја изненадил“ - а се појавил месеци пред да дознае дека има рак на дојка.
Пред нешто повеќе од две години, Кели Ман, универзитетска професорка од Абилин, почнала да има сериозни проблеми со очите. Мислела дека тоа е најлошиот конјунктивитис во нејзиниот живот. Антибиотските капки не помогнале, но по една недела црвенилото исчезнало само по себе. Сè се смирило, за некое време.
Конјунктивитис и рак на дојка
Сепак, проблемот се појави повторно и се повтори дури шест пати, од април до јуни 2023 година.
Една вечер, додека гледав телевизија, се почешав со раката и почувствував грутка“, рече таа. „Мојот сопруг веќе спиеше, а јас се испаничив. Се прашував дали замислувам работи или навистина чувствувам нешто што не треба да биде таму.“
Следниот ден, таа веднаш закажа преглед. По мамографијата и биопсијата, доби вести што ѝ го променија животот.
Во јули 2023 година, една недела пред нејзиниот 36-ти роденден, ѝ беше дијагностициран рак на дојка во втор стадиум. Таа беше особено шокирана од фактот дека само неколку месеци претходно, во април, имаше соодветен преглед на дојките.
„Бев целосно скршена“, рече таа. „Туморот порасна од целосно невидлив на два и пол сантиметри за само шест до осум недели.“
Неколку недели подоцна, таа започна со хемотерапија, и тогаш направи изненадувачко откритие.
„По првата хемотерапија, повторно имав иста состојба на очите“, рече таа. „Бев фрустрирана, а тоа беше еден од најтешките напади досега.“
Откако разговараше со офталмолог, дозна дека воопшто не станува збор за конјунктивитис, туку за еписклеритис, воспаление на ткивото што ја покрива склерата. Иако точната причина е непозната, може да биде поврзана со воспалителни процеси во телото.
„Окото е орган како и секој друг и реагира на она што се случува во телото“, објасни Ман.
„Еписклеритисот всушност беше мојот прв, опиплив симптом“, додаде таа. „Бев фасцинирана од тоа колку многу телото знае пред кој било дијагностички тест да покаже проблем.“Сега, на 38-годишна возраст, таа користи стероидни капки за смирување на еписклеритис. Таа поминала низ 12 циклуси хемотерапија, билатерална мастектомија и реконструкција на дојка, како и серија терапии што ги завршила во октомври 2024 година.
Иако процесот бил многу тежок и таа сè уште повремено има проблеми со очите, таа вели дека немала право да се откаже, поради нејзините три деца, „мали души кои ме гледаат и се грижат за мене“.
Денес, како пациент кој преживеал рак на дојка, таа ги користи социјалните медиуми за да ја сподели својата приказна, да ја подигне свеста за еписклеритисот и важноста на раното откривање на ракот на дојка. Таа вели дека онлајн заедницата ѝ помогнала да се поврзе со млади пациенти кои минуваат низ слични искуства.
„Понекогаш сум првата личност на која ѝ се отвораат, понекогаш и нивните старатели ми пишуваат“, рече таа.
„Бидејќи не го најдов потребниот ресурс, решив да бидам тој ресурс за други жени.“
Фото: Инстаграм
Извор: Ona.telegraf.rs