Најоргиналниот базар во светот би можел да се организира токму во овој македонски град: Еве како би изгледал Божиќ во градот на кулите и мостовите

Добивај вести на Viber

Божиќните базари одамна се омилен зимски ритуал ширум светот.

 Илјадници луѓе секоја година ги посетуваат овие магични локации за да уживаат во светилки, ракотворби, топло вино и празнична атмосфера која го разубавува секој студен ден. 

Во Македонија, меѓутоа, само мал број градови можат да се пофалат со навистина автентични и убаво организирани божиќни базари – но тоа би можело да се промени.

Имено, гледано од перспектива на оригиналност и карактер, најидеалниот град за несекојдневен, целосно уникатен божиќен базар е токму Кратово. Градот на кулите и мостовите, со својот необичен релјеф, тесни улички, камени премини и средновековна архитектура, природно создава сцена што личи на жив божиќен разгледница.

Замислете базар поставен околу кулите, со светилки што се прелеваат преку мостовите и мали дрвени тезги распоредени по кривулестите улички. Мирис на варено вино, локални кратовски специјалитети, традиционални сувенири и уметници кои создаваат на лице место – празнична атмосфера која не може да се доживее никаде на друго место.

Инспирирани од оваа идеја, се обидовме да замислиме како би изгледал еден ваков базар токму во Кратово – и резултатите ја доловуваат магијата која овој град природно ја носи. Кратово има потенцијал да стане најатрактивната божиќна дестинација во Македонија, а можеби и пошироко.

Фото извор: Генерирана со Freepik / М.С.К