„Гордо е да се биде Македонец, каде и да сме“: Иџе под знамето на Кутлеш ја искажа љубовта кон својот народ и татковината

Добивај вести на Viber

Македонскиот автотркач и спортска икона Игор Стефановски – Иџе уште еднаш покажа дека ја носи Македонија во срцето. 

На својот Инстаграм профил објави емотивна порака по неговото гостување на Македонската вечер во Швајцарија, организирана од Македонското швајцарско друштво „Пирок“.

Иџе беше специјален гостин на настанот, кој, како што опиша, бил исполнет со многу емоции, дружба, македонска музика и моќна енергија од нашите луѓе во дијаспората.

 „Навистина е посебно чувство кога далеку од татковината ќе го почувствуваш македонското срце како чука силно – обединето, гордо и полно со љубов“, напиша тој, нагласувајќи дека вечерта за него била исклучително значајна и незаборавна.

Со зборови исполнети со благодарност, Иџе им се заблагодари на домаќините и на сите Македонци кои присуствуваа, истакнувајќи ја топлината и сплотеноста на нашите иселеници. 

Неговата објава уште еднаш потсетува дека каде и да се наоѓаат, Македонците го носат духот на татковината со себе.

Со вакви искрени истапи, Иџе постојано покажува дека не е само спортски херој, туку и вистински амбасадор на македонскиот дух и љубовта кон народот.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Stefanovski (@igor_stefanovski_idze)