Лабунски имаат љубов што се роди во такси, крунисана со најубавата принцеза: Хана го прослави својот прв роденден
Малата Хана, ќерката на Адам и Јелена Лабунски, пред два дена го прослави својот прв роденден – полн со нежност, бои и најчиста детска радост. Семејството објави нежни фотографии од нивната принцеза, а секоја од нив раскажува по една мала, слатка приказна.
На првата фотографија, Хана е како мало кремче – облечена во кремаст комбинезон со нежни бранови и декоративни копчиња, вистински мини-модел со розови образи и љубопитен поглед. Парти-капче на главата, малку големо чудење на лицето… сè што треба за да се стопат срцата на сите што ќе ја видат.

На втората фотографија, Хана седната на меко бело крзно, пред својата прва роденденска торта, со симпатична бела панделка, веќе се вклопува во улогата на мала дама што знае дека сите очи се вперени во неа. Розовите балони, големиот број „1“ и цветните декорации ѝ даваат на сцената бајковита атмосфера – најмил прв роденден.
Но зад ова мало ангелче стои голема љубовна приказна.

Адам и Јелена Лабунски имаат романтична и необична судбина. Нивната љубов започнала – во такси.
Јелена јво една прилика за Женски магазин а раскажа нивната првата средба:
„Нашата прва средба се случи на плажата во Сремска Митровица. Чекав такси и мислев дека возилото што застана до мене е мое. Почнав да влегувам, а во истиот момент Адам излегуваше од него… и така се погледнавме за првпат. Потоа започнавме да се допишуваме, да се дружиме, да се зближуваме… Адам е моја машка верзија. Од првата средба, врската стана сериозна. Се случи љубов – а круна на таа љубов беше Хана.“

Денес, една година подоцна, нивното најголемо богатство – Хана – расте опкружена со љубов, смеа и две срца што за неа чукаат побрзо од било што.
Првите родендени секогаш се посебни, но овој – со својата нежна атмосфера, топлите фотографии и љубовната приказна зад него – е вистинска магија.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм официјален профил Јелена Лабунски