Иновација што се јаде без екстра кечап: Тимот кој го реши проблемот на ресторани без пица мајстори со вкус што ве носи директно во Италија

Добивај вести на Viber

Кога пристигнавме на настанот „Младо Вино 2025“ организиран од винаријата Тиквеш во Кавадарци, неочекувано – меѓу звуците на музика, вкусот на младото вино и атмосферата на уживање – нѐ освои мирисот на нешто добро познато, топло и италијанско. 

Потсетуваше на Венеција, можеби Рим, а можеби и на некој мал ресторан покрај морето во Неапол. Но не – тоа беше дело на македонски тим кој создаде производ што спојува традиција, технологија и гастрономска страст.

На овој настан присуствуваа над 7.000 посетители, а брендот FORNO се истакна меѓу спонзорите со својата презентација и дегустација на свежо замрзнати производи за HORECA секторот, меѓу кои: пица бази, фурнарини и целосно филувани пици.

Во разговор со Ангела Трифунова, раководител на производството во FORNO, дознавме дека нивната идеја е родена како директен одговор на сè поголемата побарувачка за италијанска кујна на домашниот пазар и – уште поважно – хроничниот недостаток од пица мајстори. Многу угостителски објекти се соочуваат со проблем: искусните пица мајстори заминуваат на работа во Хрватска и ЕУ, оставајќи ги рестораните без квалитетна понуда. FORNO реши да ја пополни таа празнина.

Нивниот концепт е едноставен и практичен: пицата се произведува однапред, се замрзнува и така стандардизирана стигнува до секој ресторан, се подготвува за кратко време (2 минути), без потреба од стручен кадар. Вкусот, мирисот и квалитетот се задржуваат, а подготовката е толку едноставна што може да ја направи и лице без обука за подготовка на пица. Токму тоа го почувствувавме и ние додека ги пробувавме – над 3.000 парчиња пица беа послужени тој ден, и секое парче раскажуваше приказна со вкус на автентична Италија.

„Соодветен производ на соодветно место – тоа ни беше водилка. Знаевме дека ако вложиме во квалитет, автентичност и практичност, ќе им дадеме алатка на рестораните да понудат нешто извонредно, без разлика дали имаат пица мајстор или не“, ни изјави Ангела Трифунова од FORNO.

Токму тука лежи клучот – гастрономијата како уметност, но и како решениe за реален пазарен проблем. Пицата не само што задоволува гастро очекувања, туку и отвора нови можности за рестораните да понудат висок квалитет, без зависност од стручен кадар кој недостасува.

Овој млад и креативен тим ни покажа дека кога има волја, визија и знаење – и пицата станува платформа за иновација. Во нивните раце, тестото не е само храна – тоа е приказна, емоција и решение што носи вкус на Италија, но е создадено тука, дома.