Александар Јосифовски ја прослави славата „св. Архангел Михаил“ со српското знаме, еве зошто

Добивај вести на Viber

Пејачот Александар Јосифовски, познат на публиката како еден од најистакнатите учесници на „Ѕвезда на Гранд“, заедно со својата сопруга Ана, со која наскоро го очекуваат раѓањето на нивната прва ќеркичка, ја прослави куќната слава – Свети Архангел Михаил.

На фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи можеше да се види вистински семеен и славски амбиент. Масата беше украсена со традиционални јадења, а во центарот стоеше славскиот колач и запалената свеќа – симбол на благослов и семејна среќа. 

Пејачот, кој со години ја негува својата блискост со публиката преку искрени објави, упати и топла порака со честитка за празникот, напишана на македонски јазик.

Сепак, вниманието на дел од следачите го привлече еден мал, но забележлив детаљ – Јосифовски во пораката додал емотикони со знамиња на Србија. Овој потег многумина го протолкуваа како знак на неговото сега веќе целосно преселување во Белград, каде што живее и работи во последниот период, но и како симболична чест на сопругата Ана, која е од Србија и по потекло ја слави истата слава.

Без оглед на различните толкувања, една работа е сигурна – семејството Јосифовски го одбележа празникот во духот на љубовта, заедништвото и традицијата, а нивните насмевки на фотографиите сведочат дека во нивниот дом владее хармонија и радост во пресрет на најубавиот подарок – раѓањето на нивната ќерка.