Македонка испеа хрватска балада на српска прослава: Маја Оџаклиевска направи Југославија во маало и призна дека е крај на нејзината музичка кариера
По подолга пауза од музичката сцена, легендарната пејачка Маја Оџаклиевска повторно го зеде микрофонот во рака – но овојпат не на концерт, туку на приватна прослава.
Пејачката, која важеше за еден од најмоќните женски вокали на поранешната југословенска сцена, запеала на роденденот на синот на нејзин близок пријател, правејќи им голема чест со својот глас.
Оџаклиевска искрено признала дека одамна не настапува јавно и дека нејзината пејачка кариера е завршено поглавје.
Публиката имала ретка можност да ја слушне во жива изведба на баладата „Шта то бјеше љубав“ од Оливер Драгојевиќ – песна што бара силна емоција и вокална чистина.
Според присутните, Маја ја отпеала со истата длабочина и искреност по кои беше препознатлива во своите најсилни години, оставајќи го присутното друштво без здив.
Реакциите биле толку позитивни, што целиот момент станал вистинска мала сензација на социјалните мрежи. Оџаклиевска го сподели видеото од изведбата со своите следбеници, кои со воодушевување ја поздравија нејзината музичка искреност и носталгија што ја буди нејзиниот глас.
Иако одамна не е активна на сцената, Маја Оџаклиевска повторно покажа дека еден вистински вокал никогаш не се заборава – а музиката секогаш го наоѓа патот до оние што ја сакаат.