Орце Ѓоргиевски му посвети посебна порака на својот син со повод
Семејна атмосфера, свечена вечера и една искрена родителска љубов – така семејството на новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, го прослави роденденот на неговиот син Ведран. На фотографијата што ја сподели, Ѓоргиевски позира со сопругата и нивниот син, кој е главната причина за радост на овој специјален ден.
Поводот е роденденското славење, а покрај фотографијата градоначалникот упати топла, емотивна порака:
„Среќен роденден, Ведран, гордост наша! Ти си нашата радост и нашата најубава приказна што ја живееме. Мама и тато се бескрајно горди на тебе. На секој твој чекор, насмевка, успех, сон… И запомни – ние секогаш ќе бидеме тука да те охрабриме, поддржиме и да те сакаме со целото срце.“
На фотографијата, семејството зрачи со елеганција: мајката во стилски виолетов костум, таткото во темна комбинација, а младиот славеник Ведран – со широкa насмевка и подигнат палец, симбол на детска радост и самодоверба.
Ведран, среќен роденден.
РЖМ/ИС - Фото: Фејсбук