Ќерката на Анета Љумаковска го прославува својот роденден: За прв пат проговори за односот со мајка си, јавноста се воодушеви од нејзините зборови

Добивај вести на Viber

Моника, ќерката на пејачката Анета Љумаковска, денес го прославува својот роденден, а јавноста повторно имаше можност да забележи колку неверојатно личи на својата мајка. 

Со истите црти на лицето, истиот шарм и препознатливиот топол израз, Моника сè почесто привлекува внимание во јавноста, особено поради силната врска што ја има со Анета.

По повод роденденот, семејството и блиските упатија топли честитки, а најемотивна беше онаа од Љиљана, мајката на Анета и баба на Моника. Таа преку социјалните мрежи испрати кратка, но силна порака исполнета со љубов:
„Најсреќна да си, среќо моја најголема.“


Овој семеен момент повторно ја истакнува блискоста на трите генерации жени во семејството Љумаковски – врска која многупати досега јавноста ја забележала преку нивните објави и интервјуа. 

Моника отсекогаш зборува со голема почит за својата мајка, нагласувајќи дека Анета е нејзина најголема поддршка, пријател и личност која ја учи на вистинските животни вредности.

Целото интервју со Моника, во кое отворено зборува за односот со нејзината мајка Анета и за силната врска што ја градат низ годините, можете да го проследите на линкот.