Македонската ѕвезда на „Гранд“ блесна во роденденска фотосесија за нејзиниот роденден (ФОТО)
Поранешната финалистка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска, го одбележа својот 26-ти роденден со елегантна и современа роденденска фотосесија.

На фотографиите, кои ги сподели на социјалните мрежи, Андријана позира пред впечатлива црвена позадина, држејќи минијатурна роденденска торта со една златна свеќа, симбол на нејзиниот нов животен циклус.

Овојпат, пејачката се одлучи за нежна и стилска комбинација во светли тонови — крем мини фустан со акцент во бело, совршено надополнет со елегантни високи потпетици во иста нијанса. Целиот изглед е женствен и полн со самодоверба.

„Се чувствувам златно на мојот посебен ден – 26“, напиша Андријана во описот на фотографиите.

Минатата година таа исто така приреди специјална роденденска фотосесија, но тогаш избра црвено-црно издание, симболизирајќи сила и страст. Овојпат, со светлите бои и минималистичкиот стил, Петрушовска покажува поинаква енергија – смиреност, зрелост и нов почеток.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм