Љубов под шпанското сонце: Столе Димитриевски се ожени со својата избраничка Ирина

Добивај вести на Viber

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, ја официјализираше својата љубов со избраничката Ирина, само три месеци по романтичното запросување.

Церемонијата се одржа во Валенсија, Шпанија, каде што Димитриевски моментално живее и настапува за локалниот фудбалски клуб Валенсија.

Фудбалерот сподели фотографии од овој убав момент на социјалните мрежи, додавајќи го краткиот, но значаен опис: „Граѓанска церемонија“.

Двојката зрачеше со елеганција и среќа додека излегуваше од градската општина („Ajuntament“) рака под рака.

Стил и елеганција на новите младенци

Невестата Ирина изгледаше беспрекорно во елегантен бел фустан со спуштени раменици и лесен сатенски сјај, кој совршено ја нагласуваше нејзината фигура. Таа го дополни изгледот со бел шал од крзно и букет во нежни розови и крем тонови, носејќи префинет, но современ шарм.

Младоженецот, пак, се појави во класично црно одело со двојно копчање и бела кошула, комбинирајќи го изгледот со црна вратоврска и очила за сонце кои му даваа модерен, но достоинствен изглед.

Двојката изгледаше опуштено, насмеано и вљубено – токму онака како што доликува на еден од најубавите денови во нивниот живот.

РЖМ - Г.Д.Г

Романтика покрај море: Столе Димитриевски ја запроси Ирина на плажа