Актуелно // Insta вести
Романтика покрај море: Столе Димитриевски ја запроси Ирина на плажа
- 01 Август, 2025 09:41

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, ја побара за жена својата долгогодишна девојка Ирина. Романтичниот момент го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави фотографии од запросувањето, направени на плажа покрај море.
На објавата кратко и јасно напиша: „Верени“, откривајќи дека љубовната приказна преминува во ново поглавје.
Столе и Ирина се во врска повеќе од една година, а во изминатиот период често споделуваа фотографии од заеднички патувања и моменти. Запросувањето е само уште една потврда за нивната посветеност и љубов.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г