„Девојче е“: Ја победи зависноста, ја пронајде сродната душа, а сега засноваат семејство - голем подем на приватен план кај Александар Јосифовски

Добивај вести на Viber

Пејачот Александар Јосифовски со голема радост ја сподели веста дека тој и неговата сопруга Ана очекуваат бебе – девојче

Веста ја објави преку социјалните мрежи, а бројните честитки не престануваат да пристигнуваат. Оваа бременост за двојката претставува ново, радосно и мирно поглавје по бурните години низ кои поминал пејачот.

Александар не крие дека зад себе има тежок период – претходно беше во брак, но таа приказна заврши пред неколку години. Во меѓувреме, се соочи со зависност од алкохол, за која и самиот отворено зборуваше, истакнувајќи дека токму таа борба го натерала да го преиспита својот живот. Со голема волја, поддршка и љубов од своите најблиски, успеал целосно да се излекува и започне одново.

Денес, Александар изгледа посмирено и посреќно од кога било. Ана, неговата втора сопруга, за него е симбол на нов почеток и вистинска животна стабилност. Двајцата зрачат со позитивна енергија и љубов, а нивното очекувано прво заедничко дете ја заокружува нивната нова приказна.

„По сè што сум поминал, ова е најголемиот благослов во мојот живот,“ изјавил пејачот за блиски пријатели. Јосифовски денес испраќа силна порака – дека секогаш постои нова шанса за среќа, љубов и живот вреден за живеење.

Повеќе за неговото искуство со натпреварувањето во Ѕвездите на Гранд, прочитајте на линот.