Часовник на неделата: Tissot Ballade - часовникот што ќе го посакате оваа сезона

Добивај вести на Viber

Во светот на швајцарската прецизност, Tissot Ballade е повеќе од часовник – тоа е симбол на женственост, вкус и префинетост. Со својата сребрена челична нараквица и циферблат во освежителна тифани нијанса, овој модел плени на прв поглед. Бојата на ментол свежина му дава уникатен, модерен карактер, но сепак задржува класична линија која никогаш не излегува од мода.

Изработен со препознатливата швајцарска точност и беспрекорна механика, Tissot Ballade носи автоматски механизам со Powermatic 80 технологија, што значи дека часовникот може да работи до 80 часа без дополнително полнење. Тоа го прави не само убав, туку и практичен – за жени кои секогаш се во движење, но не прават компромис со стилот.


*Кликнете на фотографијата за повеќе детали

Сребрената нараквица од не'рѓосувачки челик дава чувство на сигурност и стабилност, додека ребрестото куќиште со прецизни линии внесува луксузна естетика. Деталот на датумот поставен на три часот додава практичност, а минималистичкиот дизајн остава впечаток на софистицирана едноставност.

Ова е часовник за жената што знае што сака – за деловен состанок, вечера во градот или патување со стил.
Со Tissot Ballade, времето не се мери, се носи како накит.


*Часовникот може да го најдете во продавниците на Божиновски или онлајн на нивната веб - страница.