„Среќен роденден на најголемата поддршка во мојот живот“ – Иџе ѝ посвети емотивна порака на сопругата
Македонскиот шампион во автомобилизам, Игор Стефановски – Иџе, денеска со неколку фотографии и трогателна порака ѝ го честита роденденот на својата сопруга.
„Среќен роденден на најголемата поддршка во мојот живот“, напиша Иџе на Инстаграм, споделувајќи неколку фотографии кои совршено ја покажуваат нивната блискост – од романтични моменти до мигови од патеката каде што неговата сопруга секогаш е покрај него.

Парот важи за еден од најскладните на јавната сцена, а нивната љубовна приказна со години инспирира – едноставна, вистинска и полна со меѓусебна почит.

Меѓу фотографиите што Иџе ги објави, има и една која покажува дека зад секој успешен човек стои жена која верува во него – без разлика дали е на трката, во сала или во секојдневието.
Тие двајца уште еднаш потврдија дека најголемата победа во животот е – љубовта.
РЖМ / ИС - ФОТО: Социјални мрежи-Инстаграм