Ребека низ солзи и насмевки за 19-тиот роденден на Маркијан: „Искачивме многу планини, а нè чекаат уште“
Пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска Ристески, го прослави најубавиот подарок на животот – 19 години од раѓањето на нејзиниот прв син, Маркијан.

На социјалните мрежи, таа сподели емотивно видео со фотографии кои го раскажуваат нивното заедничко патување низ годините – од безгрижните денови на детството, преку семејните авантури на планина, до топлите моменти со неговите помали браќа, близнаците Макариј и Доротеј.

„19 години. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Ви благодариме на честитките. Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука. Слава на Бога“, напиша Ребека под објавата – зборови што носат сила, љубов и длабока благодарност.

Од далечниот Нов Зеланд пристигна и честитка од неговата тетка Хелена, која преку Инстаграм му порача: „Среќен роденден, Маркијан“, додавајќи уште една нота топлина на овој семеен ден исполнет со љубов и гордост.
РЖМ/ИС - ФОТО: Printscreen