„Недела, сите сте тука, а мене ме нема со вас“: Панчо емотивно пее, видео кое денес боли

Добивај вести на Viber

Македонскиот виртуоз на хармоника, Мишел Трајковски, објави емотивно видео. Станува збор за снимка направена за време на снимањето на спотот за песната „Чаршија“, на која заедно со Панчо од ДНК споделуваат момент исполнет со музика, насмевки и искрена енергија.

Кога денес ќе се погледне ова видео, добива сосема поинаква димензија. Во него, Панчо ја изведува легендарната песна „Недеља“ од Џеј, стихови што денес звучат длабоко и болни:

„Недела, сите сте тука, а мене ме нема со вас, далеку некаде сум, на пат без враќање, вашиот син сега се спрема...“


На објавеното видео, Мишел напиша емотивна порака:

„Мики дај еден е-мол да удриме една за наша душа! Панчо...“

Овој краток запис не е само потсетување на нивното заедничко дружење, туку и на еден искрен пријателски и музички момент кој денес добива посебна тежина.

Поминаа седум месеци од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога животот на многумина засекогаш се промени. По долга и тешка борба од седум месеци болничко лекување, Панчо беше 63-тата жртва на трагедијата, не успевајќи да ја добие најтешката битка — битката за живот.

Видеото на Мишел Трајковски е потсетник на убавите моменти, на искрената дружба и на музиката што ги поврзуваше — и потсетување дека Панчо ќе остане засекогаш дел од македонската музичка приказна и во срцата на многумина.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Инстаграм