Димитар Андоновски дел од жирито на престижен меѓународен театарски фестивал: „Прекрасно искуство, исполнето со дружби со колеги од светот на уметноста“

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач и композитор Димитар Андоновски, кој освен популарната забавна музика се истакнува и во композициите за театар, неодамна имаше чест да биде член на жирито на 32. Меѓународен фестивал на класиката „Вршачка позоришна јесен“.

„Голема чест и задоволство ми беше што оваа година бев дел од жирито на овој престижен фестивал, каде што имав можност да погледнам исклучителни театарски претстави од најреномираните театри од Србија и целиот Балкан. Прекрасно искуство, исполнето со инспирација, дружби со колеги од светот на уметноста и нови пријателства кои, верувам, ќе траат засекогаш“, напиша Андоновски.

View this post on Instagram

A post shared by Dimitar Andonovski (@dimitarandon)

Димитар веќе има оставено значаен печат на овој фестивал, откако претходно беше награден за музиката во претставата „Дон Жуан“ на Молиер, во режија на Андреј Цветановски. Со својата работа за театар, Андоновски продолжува да докажува дека неговиот талент не се ограничува само на популарната музика, туку ја обликува и современата театарска сцена.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм