Есента ѝ стои совршено: Елена Петреска во својата најурбана модна улога досега

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Елена Петреска веќе две години живее во белгискиот град Монс, каде заедно со сопругот и нивните две деца гради нов, европски живот исполнет со патувања, семејни моменти и хармонија.

Очигледно, промената ѝ годи — нејзините објави на социјалните мрежи често носат атмосфера на спокој, уреденост и убавина во секојдневието.

На најновата фотографија, направена во живописниот центар на Монс, Елена плени со својот елегантен уличен стил. Облечена е во предимензиониран црн капут, крем шал и црни кожени ракавици, додека шапката со широк обод и очилата за сонце ѝ даваат впечаток на вистинска урбана дама. Пејачката изгледа смирено и самоуверено, уживајќи во топол пијалак и во обичен, но совршен есенски ден во белгискиот град.

Во интервју за Женски магазин, Петреска зборуваше за животот во Монс и за тоа како европската улична мода ја инспирира секојдневно:

 „Луѓето тука се едноставни, ненаметливи, но секогаш носат квалитетна и брендирана облека. За разлика од кај нас, секој може да си дозволи убави парчиња, не затоа што има многу пари, туку затоа што гардеробата е достапна во однос на платата. Многу ми е интересно што некои луѓе шетаат боси, дотерани и средени, но без кондури. Им се восхитувам – толку се ослободени од тоа што ќе кажат другите,“ раскажува Елена.

По две години живот надвор од Македонија, Елена изгледа дека ја нашла својата рамнотежа – помеѓу семејството, музиката и новиот животен стил што ѝ овозможува мир и инспирација.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм

Со семејството се преселивме поради работни обврски на сопругот: Елена Петреска за животот во Белгија