Кабарето како животна приказна – Наталија од Gold Felicia Битола

Добивај вести на Viber

Кога животот станува кабаре: Наталија ја раскажува својата сцена

Да си дел од Кабаре Gold Felicia значи да си дел од бренд што го дефинира гламурот, уметноста и ноќниот живот во Македонија.

Во срцето на Битола, ова кабаре ја спојува уметноста, елеганцијата и страста во едно неповторливо сценско доживување што нема своја паралела во регионот.
Создадено под организација и креативна продукција на 77 Entertainment, тим кој стои зад најелегантните настани и највисоките сценски стандарди во земјата, Gold Felicia претставува спој на страст, дисциплина и сценска енергија во својата најчиста форма.


Наталија е дел од оваа приказна уште од првиот ден. Танчерка со повеќе од една деценија искуство, инструктор по латино танци и личност која низ годините создала силна врска со сцената. За неа, Gold Felicia не е само место на кое настапува – тоа е сцена што ја изградила и како уметник и како личност.

„Во Македонија ретко се гледа ваков проект – каде секој детал, од кореографијата до светлината, има своја уметничка вредност.
Во Кабаре Gold Felicia не настапуваат аматери, туку луѓе со долга сценска кариера – професионални танчерки, балерини, пејачи и актери.
Сите сме тука затоа што го сакаме тоа што го правиме, а продукцијата зад нас е на европско ниво.
Тимот на 77 Entertainment стои зад секоја идеја, сценарио и кореографија – тие се моторот кој ја претвора нашата страст во совршено сценско доживување,“ раскажува Наталија.


Она што го прави Кабаре Gold Felicia уникатно е токму синергијата помеѓу уметниците и продукцијата 77 Entertainment– креативен тим кој зад себе има десетици реализирани настани, кампањи и сценски концепти. Со беспрекорна организација, сценска естетика и чувство за детал, тие создаваат атмосфера што не потсетува на европските кабаре центри.

Секоја сезона носи нова тема, нова енергија и нова приказна – резултат на месеци подготовка и тимска работа меѓу уметниците и продукцијата.

„За мене, ова кабаре е повеќе од сцена,“ додава Наталија. „Танцот, пеењето и глумата тука се едно тело, едно дишење. Секој настап е минијатура од театар, музика и движење. Благодарение на продукцијата 77 Entertainment, имаме слобода да создаваме, да експериментираме и да растеме како уметници “


Со својот квалитет и автентичност, Кабаре Gold Felicia, под продукција на 77 Entertainment, е повеќе од вечерна забава – тоа е уметничка сцена што ја враќа магијата на живото изведување и создава нова ера на ноќниот живот во Македонија.


*Пр објава