Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев: dm e компанија која го става човекот и општествената одговорност на прво место!
Во бизнис круговите често се вели дека „луѓето го прават брендот“, а тоа никаде не е повеќе вистина од dm drogerie markt, компанија која се заснова на луѓето – луѓето кои работат таму и луѓето кои ги користат нивните производи. За подобро да ја разбереме филозофијата на овој бренд, разговараме со Сандра Атанацковиќ – Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm drogerie markt во Македонија.
Таа ни раскажа дека е на својата позиција доволно долго време за да се увери дека е на вистинското место, онаму каде што нејзините квалитети и вредностите на компанијата совршено се вклопуваат. Во краткиот разговор со неа, таа ни раскажа зошто сега е сигурна дека „луѓето го прават брендот“.

Како дојде до идејата да се вработиш во dm drogerie markt? Зошто реши да ја прифатиш оваа одговорна работна позиција?
Кога ја започнав мојата креативна авантура во dm, тоа не беше само избор на работно место – туку природен след на вредностите кои ги почитувам. Секогаш сум верувала дека работата треба да значи повеќе од едноставно завршување на секојдневните задачи – таа треба да има смисла, да допира до луѓето и да создава позитивни промени. dm ми се чинеше како место каде што таа идеја може да стане реалност: компанија која го става човекот и општествената одговорност на прво место.
Одлуката да ја прифатам оваа одговорна позиција дојде од желбата да придонесувами да имам влијание, сакав да работам со одличен тим и да ги слушам потребите на луѓето. Шест години подоцна, изборот да останам тука е потврда дека ја направив вистинската одлука. Одговорноста ме мотивира, тимот ме инспирира, а секој нов ден ми дава шанса да научам нешто ново. Јас верувам дека работата треба да го подобрува животот — и токму тоа го доживувам тука, во dm.
Колку влијаат вредностите на брендот кога треба да се прифати следниот предизвик? Пронаоѓаш ли дел од себеси во мотото „Тука сум човек, тука купувам“?
Вредностите на брендот секогаш играат голема улога кога се прифаќаат нови предизвици. За мене е важно да се чувствувам усогласено со културата и принципите на компанијата, бидејќи тоа овозможува посилна мотивација и поголема посветеност во работењето.
Мотото „Тука сум човек, тука купувам“ навистина одразува дел од мене. Ги цени и почитува луѓето – вработените, купувачите и соработниците – и поттикнува средина каде секој се чувствува прифатено и ценето. Тоа е филозофија со која се идентификувам и која ме инспирира да дадам максимум во она што го работам.

Веќе подолго време си дел од dm drogerie markt и денес се наоѓаш на одговорна позиција поради која секојдневно имаш комуникација со многу колеги, купувачи, соработници и слично. Како е постојано да се работи со луѓе? Ја добиваш ли од колегите поддршката која ти е потребна?
Работата со луѓе е дефинитивно енергична и инспиративна. Секојдневната комуникација со колеги, купувачи и соработници ми дава можност да учам, да се соочувам со нови предизвици и да се развивам како професионалец. За мене, луѓето се највредниот ресурс – и токму тоа ја прави работата интересна и мотивирачка.
Да, од колегите добивам огромна поддршка. Работната средина во dm е таква што поттикнува тимска работа, меѓусебно слушање и споделување искуства. Така, секогаш чувствувам дека не сум сама, туку дел од тим кој заеднички се стреми кон успех и квалитетна услуга.
Оваа година dm drogerie markt доби признание за својата посветеност кон општествената одговорност за проектот ,,Никогаш повеќе сама“ од страна на магазинот „Убавина и здравје“, а во меѓувреме активни се уште неколку проекти кои ја адресираат заедницата и човекот, како индивидуа во неа. Како се прифатени проектите од јавноста и купувачите? И како dm drogerie markt одбира кои теми од општеството ќе бидат во фокус во следните проекти?
Многу ми е мило што проектите на dm се прифатени многу позитивно, како од јавноста, така и од нашите купувачи. Интересот и поддршката кои ги добиваме се потврда дека нашите иницијативи допираат до луѓето и ја прават нашата работа значајна, надвор од продажбата. „Никогаш повеќе сама“ е само еден пример за тоа како можеме да влијаеме позитивно и да ја поддржиме заедницата во која работиме, преку конкретни, важни теми.
Кога одбираме кои теми да бидат во фокусот на нашите следни проекти, се грижиме првенствено за потребите на заедницата, за актуелните социјални предизвици и за она што може навистина да направи разлика во животот на луѓето. Слушаме, ангажираме стручни лица и ги земаме предвид реакциите на нашите купувачи, за секој проект да биде релевантен, значаен и доследен на вредностите на dm.

За крај, да ги оставиме професионалните разговори на страна и да ти поставиме едно лично прашање. Што најчесто бараш во дрогериите на dm или кој е рафтот што секогаш го посетуваш прв?
Мислам дека зборувам во името на речиси сите жени, кога ќе кажам дека од dm е тешко да излезеш со само еден купен производ (се смее). Кога станува збор за лични навики, секогаш прво се упатувам кон рафтовите со производи за нега на лице. Ме инспирираат новитетите, а исто така ми е важно да ги откривам производите кои го прават секојдневниот живот поедноставен и поубав. Освен тоа, секогаш обрнувам внимание и на органските dmBio производи – важно ми е да одберам нешто што е добро и за мене, и за нашата околина. Вистински хит овој период ми е dmBio алпското млеко кое го употребувам речиси секој ден во кујната.
*Пр објава