Музичка фузија: Симон Трпчески го крена Хонг Конг на нозе со „Македонисимо“
На 21 октомври 2025 година, македонскиот пијанист Симон Трпчески го претстави својот проект „Македонисимо“ на престижниот фестивал Азија во Хонг Конг, означувајќи значајно уметничко враќање на меѓународната сцена. Настапот беше поддржан од Локалниот оддел за култура и услуги на LCSD и неговиот тим, кој го промовираше и првиот концерт на Трпчески во Хонг Конг во 2004 година.
На сцената, Трпчески настапи заедно со извонредни локални музичари – Дидабој на суона и Пик Сум на ерху, како и композиторот Џони Јим. Заедно, тие создадоа моќна музичка фузија на македонски и кинески традиции, која ја воодушеви публиката во Градската концертна сала, подигнувајќи ја на нозе.

„Благодарен сум на страсната и дарежлива публика од Хонг Конг, чиј ентузијазам го оживеа чувството на претходните посети и го направи ова враќање особено значајно“, изјави Трпчески. Тој упати посебна благодарност и до присутната македонска заедница, вклучително и до македонскиот амбасадор во Кина, Сашко Насев, и неговата сопруга, кои допатуваа од Пекинг за настанот.
Настапот ја потврди моќта на културната и уметничката поврзаност меѓу Македонија и Кина, а ансамблот „Македонисимо“ и Трпчески најавија дека со нетрпение очекуваат повторни настапи и создавање на нови незаборавни музички моменти заедно.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук



