Македонската пејачка и гајдаџика, стана мајка на Митровден: Ја роди ќерката Талија
Познатата македонска фолк пејачка и амбасадор на македонската традиција и култура, преку гајдата, Елена Јовческа, сподели прекрасна вест со своите следбеници. Таа преку објава на својот Инстаграм профил откри дека стана мајка и го доби своето прво дете — ќерката Талија.

Јовческа ги изненади своите обожаватели со оваа објава, бидејќи претходно не беше познато дека е бремена. Во описот под фотографијата, Елена напиша емотивна порака:
„На овој прекрасен ден, Митровден 08.11.2025, се роди нашата Талија. Ти благодарам, Господе.“
Пејачката сподели неколку фотографии од новородената Талија, како и фотографии направени во текот на нејзината бременост, кои првпат ги објави токму сега.
Елена Јовческа е препознатлива по својата љубов кон изворната музика и традиционалните инструменти, како гајдата и зурлата, преку кои со години ја промовира македонската култура дома и во светот.

Нејзините фанови и колеги ѝ упатија бројни честитки и пораки со желби за здравје, среќа и благослов за малата Талија.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм