На денешното мени – Лунин образ: ново утринско видео на Папаз што го стопи интернетот
Пејачот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа повторно го разнежнија интернетот со ново видео од нивните три мали ангели – Лена, Луна и Лазар.
Овојпат во главна улога е малата Луна, која во најновото видео изгледа неодоливо додека му се насмевнува на тато и џвака сино гумено топче. Папаз со својот препознатлив хумор под видеото напиша: „На денешното мени, Лунин образ“ – и со само една реченица предизвика лавина од реакции и насмевки.

Во пижами со шарени жирафи и големи сини очи кои светат од љубопитност, Луна е вистинска мала ѕвезда. Триото на Папазови – Лена, Луна и Лазар – секојдневно ја растопуваат јавноста со својата природна детска енергија и љубовта што зрачи од секој нивни семеен момент.

Фановите под објавата не престануваат да пишуваат колку е прекрасна оваа семејна среќа, а многумина коментираат дека токму ваквите моменти го прават секое утро посветло.
РЖМ/ИС ФОТО: принтскрин - ВИДЕО ФБ