Идејата на Мила што го размрда Инстаграм: Имиња што се предмети, но звучат како поезија (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Колку пати сте слушнале нечие име и сте си помислиле дека звучи како збор од секојдневието? А што ако навистина имињата беа предмети, состојби или поими што ги користиме секој ден – само со едно ново значење?

Токму со оваа замисла си поигра Мила Димчова, девојка која на Инстаграм објави забавно видео со идеја што на прв поглед изгледа едноставно, но веднаш предизвика лавина од реакции и креативност меѓу нејзините следбеници.

„Замислете си дека немаат друго значење.

П.с. ова е резултат од премногу кафе на работа. Тимски труд со колегите.**“, напиша Мила во описот на видеото, кое за кратко време собра бројни лајкови, коментари и споделувања.

Во видеото, таа сподели неколку невообичаени, но некако убаво звучни „имиња“ што обично не би ги поврзале со луѓе:

*Кора, Рана, Ламела, Мина, Секира, Вена.

View this post on Instagram

A post shared by Мила Димчова (@dim2ila)

Секоја од овие зборови вообичаено има свое значење – некоја е дел од тело, друга е состојба, трета предмет – но кога ќе се замислат како имиња, добиваат неочекувана мекост и нова симболика.

Интересното кај идејата на Мила е токму тоа: да го одвоиме зборот од неговото секојдневно значење и да му дадеме нова вредност, нов идентитет.

Наскоро, нејзините следбеници се вклучија со свои предлози, продолжувајќи ја „играта со зборови“. Дел од нивните најкреативни идеи се:

*Линија, Пела, Вена, Нула, Мена, Кокица, Ронка, Маса, Вересија.

Видеото на Мила предизвика забавна дискусија за тоа колку зборовите звучат различно кога се извадени од контекст и покажува колку јазикот може да биде игрив, жив и неисцрпен извор на инспирација.

РЖМ - Г.Д.Г