Прстенот од баба, фустанот од мајка, изнајмена венчаница: Грешки кои ги прават невестите и кои го кочат влезот на новата енергија
Иако традицијата вели дека „нешто старо“ носи среќа на денот на свадбата, сè погласни се советите од психологи, енергетски коучеви и современи свадбени планери: не секој наследен предмет е добар избор за најважниот ден во животот.
Прстенот од баба, фустанот од мајка или накитот што го носеле нашите предци може да има огромна емоционална вредност, но според експертите, тие предмети често носат силна енергија — а не секогаш позитивна.
„Наследените предмети го враќаат минатото“
Психолозите сметаат дека на денот кога започнуваме ново животно поглавје, поважно е да се фокусираме на иднината, а не на историјата на предметите што ги носиме.
Секој фустан, прстен или парче накит кое било дел од животот на претходните генерации носи со себе туѓи приказни, туѓи радости, но и туѓи болки, судбини и премолчени искуства.
„Кога носите нешто што било дел од нечиј значаен животен момент, вие симболично го повикувате и нивното минато. А свадбата е момент на создавање сопствена приказна, не продолжување на туѓа,“ велат енергетските терапевти.
Денот на свадбата треба да започне со нова енергија
Современите сваќања на духовноста велат дека новиот животен почеток треба да започне со „чиста енергетска плоча“.
Носењето нов фустан, нов прстен или нов симбол означува свежа динамика во врската и бракот, а не враќање наназад.
Свадбените планери додаваат дека младите не треба да се чувствуваат виновни ако не сакаат да носат наследни предмети.
„Традицијата е убаво нешто, но вашиот свадбен ден е ваша приказна. Имате право да започнете чисто, со предмети што ја одразуваат вашата љубов, не љубовта на некој друг.“
Фото извор: Freepik