Актуелно // Жолта минута
Свети Архангел Михаил се слави во домот на Лепа Брена: Пејачката подготвува сарма, синот готви чварки
Денес православните верници го празнуваат Свети Архангел Михаил. Денес во домот на српската пејачка Лепа Брена се слави овој празник. Подготовките во нејзиниот дом траат долго, а синот Виктор покажа како течат подготовките на Инстаграм.

Виктор како и секоја година е главен во кујната. Минатат година ја подготвуваше сармата, а оваа учествуваше во подготовката на месото, но и во самата организација.

Познато е дека Живојиновиќ секогаш собираат голем број драги луѓе за куќната слава и го поминуваат тој ден со добра локална храна, пијалоци и музика.

Виктор на Инстаграм објави како подготвува домашни колбаси и чварки.

Вечерва во домот на Лепа Брена ќе се празнува со музика и добро вино.
Фото: Инстаграм