Детски херој: Победничкото ѕвонче повторно одекна за Дамјан

Добивај вести на Viber

Победничкото ѕвонче повторно заѕвоне силно на Клиниката за детски болести во Скопје – овој пат во чест на малиот Дамјан, кој ја доби својата најважна животна битка. 

По долг и тежок период исполнет со лекувања, неизвесност и многу храброст, Дамјан конечно излезе како победник и стави крај на болеста што му го одбележа детството.

Звукот на ѕвончето, кој на Клиниката симболично го означува крајот на третманот и почеток на едно ново, побезгрижно поглавје, овојпат одекна со особена емоција. Радоста на неговите родители, насмевките на медицинскиот тим и силата што Дамјан ја покажа во текот на целиот процес се потсетник дека надежта и упорноста секогаш носат светлина, дури и во најтешките денови.

Овој мал херој со големо срце не ја освои само својата слобода од болеста – тој ги инспирира сите околу себе. Неговата победа е радост за семејството, триумф за клиниката и порака до сите деца и родители дека чуда навистина се случуваат кога се спојуваат љубов, знаење и истрајност.