ТВ дамите од првата борбена линија: Хероините на македонскиот етер кои испишуваат историја
Телевизијата – таа светлечка кутија што со децении го обликува нашето секојдневие – има свој ден во календарот на светските датуми. Ден кога се потсетуваме дека низ нејзиниот екран не поминуваат само слики, туку и идеи, емоции, приказни и цели генерации спомени. Од првите црно-бели приемници, преку технолошкиот подем со сателитски преноси, па сѐ до современите дигитални платформи, телевизијата останува еден од најмоќните начини на комуникација.
Секоја година на 21 ноември, светот го одбележува Светскиот ден на телевизијата, прогласен од Обединетите нации во 1996 година како признание за огромната улога на телевизискиот медиум во информирањето, едукацијата и забавата. Телевизијата со децении претставува прозорец кон светот – медиум што ги следел историските настани во живо, што обединува семејства, создава јавни дебати и станува дел од секојдневието на милиони луѓе.
Овој ден
служи како потсетник за важноста на медиумската писменост, професионализмот и
одговорната информативна работа.
Во Македонија, телевизијата има децениска традиција, а посебен белег ѝ даваат образованите,
талентирани и професионални презентерки и новинарки кои секојдневно стојат пред
камерите. Не дека во овој текст го дискримираме посилниот пол, но сепак акцентот го
ставаме на жените на Светскиот ден на телевизијата.
Македонските
ТВ-екрани денес ги красат жени кои комбинираат стручност, јасна комуникација, елеганција
и медиумска култура, поставувајќи високи стандарди во професијата. Тие се
присутни во утрински програми, вести, специјализирани емисии, документаристички
формати и аналитички студија – покажувајќи дека телевизијата кај нас е дом на
силни женски професионалци кои знаат да го привлечат вниманието и да носат
кредибилитет.
На Светскиот ден на
телевизијата, покрај потсетување на историјата на овој медиум, вреди да се
истакне и придонесот на сите оние што стојат пред камерите и зад нив. А во
македонскиот етер, токму презентерките и новинарките се тие што оставаат силен
впечаток и ја продолжуваат традицијата на квалитетно телевизиско новинарство.


Елизабета Галевска: Ја загубив мајка ми прерано, но секој ден го живеам со она што ми го остави



Најважните 15 минути на Анета Додевска



Во неговото јадро, Дизниленд Париз не е само место за забава - тоа е жива бајка: Катерина Топалова





Јана Серафимова Петровска: Дома на двата телевизори се гледа само спорт


Истанбул е град што пулсира со живот и никогаш не мирува: Сања Савеска со впечатоци од патувањето




Ивана Мангароска: Денот ми почнува во пет часот наутро


Ирена Лазарова Димитровска, ТВ метеоролог: Никогаш не носам чадор, иако знам дека ќе врне

Вера Мештеровиќ: „Јас сум непоправлив оптимист, верувам во институцијата брак“

Искрено со Катерина Тодевска Спасиќ: Пеев секое утро, продавав бурек во пекара


Портрет- Елена Стојановска: Го молам небото да бидат тука луѓето што ги сакам