Најважните 15 минути на Анета Додевска

Добивај вести на Viber

Главните животни цели за кои ѝ биле потребни голем мотив и многу повеќе од тоа, сила, желба, нерви, упорност, истрајност, веќе ги остварила – паралелно, во ист момент започнале два животни предизвици. Анета Додевска, уредничка во Телевизија 24, уште многу млада влегла во новинарството, не случајно, туку намерно, како дипломиран новинар.

- 28 години подоцна, еве ме уште во професијата. Да се изоди пат од скоро три децении, треба голем мотив. А мотив беше суштината на самата професија – потрага по вистината и правдата, моќта на новинартвото да ги менува состојбите, да дише во “врат“ на креторите на политиките, да се сведочи на промена, особено кога се работи за некоја животна приказна заглавена во административните лавиринти. 

Но, секако мотивот води кон целта, а до неа се доаѓа и со порив, желба, срж на љубов кон оваа професија. За моја среќа, уште многу многу млада станав мајка – 28 години подоцна сега уживам со мојата другарка Теодора. Е, на овој пат долг 28 години мотивот беше самата Таа – од градинка, преку училиште, факултет до личност која веќе стои на свои нозе. Главните животни врвови, според мене, сум ги освоила. Сега ме мотивираат детали, ситни нешта за да ни ја одржуваат насмевката, да ни ги одржуваат во живот, секојденвните животни моменти! Веројатно со зрелоста, животните “филтирите“ стануваат се поостри, времето станува важно, како го поминуваме, колку се сакаме себеси, колку се цениме, дали колку што даваме, толку и добиваме – вели Додевска. 

Денот ѝ почнува со кафе на терасата од својот дом . Во последно време тие многу важни 15 минути ги резревира само за себе – без телефон, без реметење, без мисли.

- Само 15 минути раат во секоја смисла на зборот, пред да почне “погонот“ да работи. Овој, како што сите го велиме ритуал, малку поегзотичен е на некоја тераса со поглед и звук на море, сега во летниот период. Но, каде и да си, ако нема внатрешен мир, терасата и со поглед и на Венера не значи ништо. Понекогаш чувствувам дека “заглавувам“ во некоја дневна рутина. И мислам дека ова е вистината за голем дел од луѓето. Во вакви динамични времиња, се е “трка“ по нешто. Професионалните обврски доминираат. И кога не сум физички на работа, дома работам со самото тоа што морам и сакам да гледам вечерни вести на различни телевизии, да следам информации, да се слушнам и видам со луѓе поради професионални причини - открива новинарката која на почетокот од годинава се договорила со себеси за промени- мали ама сепак промeни.

- На пример, од личност која не сака теретани, спорт , тренинзи, сега редовно тренирам пилатес, со месеци, дисциплинирано, без да пропуштам час. Кога сум во можност, на дневната рутина и пркосам со видик во кој има сонце, песок, вода, воздух, насмевки, коктел. И секако тука се неизбежните семејни дружби, со сестра ми, со внуците, со моите родители - бесценети моменти. Најубавиот прокос на дневната рутина се спонатаните моменти , неочекуваното – посочува Додевска.

Вечерта ѝ минува во различна атмосфера, во зависност од оврските за наредниот ден.

- Ако ме очекува тв емисија или вести на линија сум со колегите и со соговорниците. Навечер го правам концептот за вести, поготвувам теми за интревју, читам. Ги завршувам и домашните обврски, подготвувам доручек за следниот ден. Но, сакам да седнам на кафе и сладолед, да пешачам, да се дружам во вечерните часови со луѓе кои ги сакам и ме сакаат. 

До пред извесен период повеќе сакав филмови од серии. Сега некако станав “зависник“ од серии – баш и поради ова не сакав да ги гледам. Препорачувам: True Detective, The White Lotus, Squid Game, Succession итн. Ова е моја мини листа на серии, но личниот избор секако зависи од вкусот за жанр. Книгите во летните месеци главно ги “резервирам“ за во слободен период, кога сум на одмор. Последна колекција што ја комплетирав се насловите на Себастијан Фицек, дел веќе се прочитани, главно на плажа. И книгите и сериите не ретко се многу добро друштво – заклучува Доевска. 

С.А.Н