Животна училница // Исповед
„Не ми е жал што заминав од Македонија“: Откако ја отпеа најубавата родољубна песна, Давид Темелков откри зошто и како ја напуштил татковината
Македонскиот пејач Давид Темелков, кој со години успешно ја гради својата кариера во Хрватска, гостуваше во популарниот поткаст „Приче измеѓу нота“, каде првпат откри досега непознати детали од својата биографија и животен пат.
„Роден сум во Скопје, таму имам фамилија и прекрасни пријатели и никогаш не сум планирал дека ќе си заминам. Но во 2015 година се случи оној „фамозен“ талент-шоу, по кој добив повик од колега да бидам гостин на неговиот концерт во Пулската арена. Од тој момент, работите се одвиваа сами од себе, а јас научив да го слушам животот кога диктира“, откри Давид.
Тој искрено зборуваше дека преселбата во Загреб не била случајна, туку судбински момент кој му го променил животот. „Денес, кога ќе се свртам назад, сум благодарен за сè што ми се случи. Токму во Загреб ја запознав мојата тогашна девојка, а сега сопруга, како и многу пријатели и колеги кои ми значат“, вели Темелков.
На крајот, Давид призна дека никогаш не се покајал што ја напуштил Македонија, бидејќи она што го добил во Хрватска – професионално, но и лично – вредело за целата промена.