Нашиот министер за дигитална трансформација е против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Добивај вести на Viber

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, денес на новинарско прашање одговори дека не се согласува со забраната на Австралија на социјалните мрежи за деца до 16 години и потенцираше дека родителите треба да следат повеќе што прават малолетниците до таа возраст.

- Мое мислење е дека треба да работиме со родителите да ја насочат потребата на децата кон нивните мобилни телефони, кон алатки кои што им се од корист, а не кон алатки на кои поминуваат премногу време а немаат никаква придобивка. Во таа насока, повеќе размислуваме за работа со родителите, отколку на некакви строги забрани, рече министерот.

Андоновски додаде дека забраната во Австралија би имала ефект доколку целосно и успешно се имплементира. Вели имало први информации дека се нашле начини како да се заобиколат забраните и дека тоа може да предизвика контраефект.

Целата вест читајте ја на Фактор тука.