Милица Павловиќ не издржа, запеа на македонски јазик пред полна сала: Упати порака до Елена Ристеска полна со благодарност

Добивај вести на Viber

На големо изненадување на публиката, српската пејачка Милица Павловиќ запеа на македонски јазик заедно со Елена Ристеска, изведувајќи го нејзиниот безвременски хит „Нинанајна“. Настапот предизвика вистинска еуфорија кај присутните, а двете пејачки создадоа незаборавна атмосфера полна со емоции и гордост.

Хитот „Нинанајна“, со кој Елена Ристеска ја претстави Македонија на Евросонг во 2006 година, ѝ донесе историско 12. место, што и денес останува втор најдобар пласман на нашата земја на најпознатиот европски музички фестивал.

Настапот на Милица Павловиќ на македонски беше дополнителен шарм на вечерта – нејзиниот изговор и интерпретација добија бројни пофалби на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека природно ги совладува македонските зборови, бидејќи потекнува од југот на Србија, каде што дијалектот е многу сличен на некои македонски говори.

Публиката ги поздрави двете пејачки со долготраен аплауз, а видеото од настапот за кратко време стана вирусно на интернет.

Во продолжение – погледнете како изгледаше изведбата на „Нинанајна“ во нивна заедничка изведба.