Игра како да има 20, пее по цели концерти без паузи и нема да ви се верува колку години токму денеска полни Благица Павловска
Фолк пејачката Благица Павловска, една од најпрепознатливите и најомилените имиња на македонската музичка сцена, денеска го слави својот 67. роденден.
Иако многумина очекуваа дека по повеќе од четири децении успешна кариера ќе се повлече и ќе ужива во заслужен одмор, Благица и понатаму е активна, присутна и со иста енергија како на почетокот.
Позната по својата топлина, харизма и директен контакт со публиката, Павловска останува една од најагилните фолк пејачки во земјата.
Нејзините настапи се секогаш исполнети со емоции, песна и насмевки, а публиката едноставно не може да остане рамнодушна. Велат дека нема човек кој барем еднаш не ѝ дал бакшиш додека таа со својот препознатлив глас ја разигрува салата.
„Мојата сцена е мојот дом,“ изјавуваше често Павловска, а токму тоа го потврдува и со своето присуство на сите музички случувања, настапи и хуманитарни концерти.
Иако 67 години обично значат време за пензија, за Благица тие се само нов почеток. Таа и денес изгледа одлично, пее со ист жар и полни сали низ Македонија и дијаспората. Со својата енергија, едноставност и искреност, Павловска останува пример дека љубовта кон музиката и публиката е најдобриот еликсир на младоста.
М.С.К / Фото извор: Принтскрин Мета + Freepik