Сирма и Галена во поддршка на различностите: Министерот Љутков со ќерките на настан посветен на инклузијата

Добивај вести на Viber

Во современото општество, инклузијата претставува една од највредните темели врз кои се гради напредна и хумана заедница. Таа не е само општествен идеал, туку и практична потреба – да се создаде средина во која секој човек, без разлика на неговите способности, има еднаква можност да учествува, да придонесува и да биде виден. Примерите на личности кои ги надминуваат предизвиците и ја претвораат својата различност во сила се потсетник дека општеството расте тогаш кога ги охрабрува сите негови членови да блеснат. Токму со оваа цел е организирана и манифестацијата Ability Awards 2025, која годинава доби посебна симболика во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на настанот, која се одржа во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, се појави во семејно издание. Придружуван од неговите две ќерки – Сирма и Галена, што беше топол и позитивен момент кој ја нагласи важноста на семејната поддршка и за важноста на емпатијата, поддршката и семејните вредности во промоцијата на инклузивното општество.

Настанот, кој оваа година претстави 124 личности со исклучителни достигнувања, уште еднаш потсети на силата на инклузијата, како и на значењето на препознавањето и вреднувањето на различностите во општеството.

„Во прекрасна атмосфера беа претставени 124 исклучителни личности чии приказни се потсетник дека границите постојат само кога ние ќе им дозволиме. Нивната храброст, талент и љубов кон она што го прават се моќна инспирација да создаваме општество во кое секој има свое место и можност да блесне. Вечерва беа доделени награди на најинспиративните учесници кои со својот пример го менуваат начинот на кој ја разбираме инклузијата. Нивните успеси се доказ дека различноста не е пречка, туку богатство што нè обединува“, напиша Љутков.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук