„Ми замина најголемата љубов“: Болката на Дарко Илиевски по загубата на мајка му ги допре срцата на сите

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Дарко Илиевски, кој веќе извесно време живее и создава во Америка, со тешка болка ја сподели најтажната вест — починала неговата мајка, неговата најголема љубов и најсилна животна потпора. Во неколку редови исполнети со тишина, кршливост и неизмерна болка, тој напиша:

„Со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли. Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу. Чувајте се со тато.“

Дарко упати и силна порака до сите што ги имаат своите родители покрај себе: да застанат, да се јават, да кажат „те сакам“ – затоа што животот е непредвидлив, а еден ден таа можност ќе биде неповратно изгубена.

Својата болка ја сподели и неговата сопруга Ивана, која за свекрвата напиша потресни зборови:
„Твоето заминување остави празнина што никогаш нема да се пополни. Ми беше како мајка… поддршка, утеха и тивка сила во мојот живот. Ти благодарам за секој совет, секоја прегратка и целата љубов што несебично ја даваше. Нека Господ те прегрне со Својата светлина и да ти подари вечен спокој. Секогаш ќе боли.“

Еден трогателен потсетник дека мајчината љубов е незаменлива, а нејзиното заминување остава тишина што одамна не се слушнала.


View this post on Instagram

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko)



РЖМ/ИС -Фото: инстаграм