Актуелно // Insta вести
Македонскиот идол Виктор Апостоловски стана татко: „Се роди првиот маж во Апостоловци“
Македонскиот пејач Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена го добија нивното прво дете. Радосната вест тој ја сподели директно од болница, откривајќи дека станале родители на машко дете.
„Не знаете кој дојде. Дојде првиот маж во Апостоловци. Првиот маж ќе го викаме Адам“, изјави Виктор во видеото што го објави на социјалните мрежи.
Парот претходно ја соопшти веста дека го очекуваат првото дете при самиот крај на бременоста. Виктор и Милена се венчаа во 2023 година, а нивната љубовна приказна започнала спонтано, по нивната средба во маркет во Битола, каде што и двајцата живеат.
Виктор Апостоловски стана познат на пошироката јавност преку учеството во музичкото шоу „Македонски идол“.
РЖМ - Г.Д.Г