Медитерански циклон ни носи нови дождови

Добивај вести на Viber

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот  и на серија на влажни воздушни бранови од денес до Сабота (6 Декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд), објави метеорологот Славчо Попоски.

„На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец  и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени“, најави тој.

Фото: Пиксабеј
Извор: ФАКТОР